Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски е единствен политичар во светот што се радува што успеал да блокира помош од 100 милиони евра во време на криза

Реакција на СДСМ:

Христијан Мицкоски е единствен политичар во светот што се фали дека успеал да блокира закони важни за граѓаните.

„Многу убаво“ така Мицкоски по сопствено кажување се чувствувал денес откако преку своите пратеници успеа да блокира помош од 100 милиони евра за АД ЕСМ во време на светска енергетска криза.

Ширејќи лажни вести и шпекулации, Мицкоски вечерва уште еднаш покажа дека воопшто не му е гајле за државата и за граѓаните, туку единствено се грижи за личните интереси.

Мицкоски нека се воздржи од давање предлог решенија поврзани со енергетската криза, се што тој кажа и предвиде во енергетиката на крајот испадна погрешно и спротивно од неговите предлог решенија.

Со ваков однос кон сопствената дрѓава, кон сопствените граѓани, Мицкоски може да очекува само убедлив пораз на редовните парламентарни избори во 2024 година.

Големи се штетите што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги нанесуваат врз државата, но нема да успеат да го спречат развојот и напредокот на патот кон полноправно членство во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира...

Спасовски-Јохансон од Берлин: ФРОНТЕКС го потпишуваме на македонски јазик, МВР останува посветено на борбата против нелегална миграција, корупција, организиран криминал…

Vesti +

254 санкции за брзо возење

Vesti +

206 санкции за брзо возење

Vesti +

Заев од Тетово: Градиме современа инфраструктура во секоја општина, приоритет ни е држава без кал, со здрава животна средина и чист воздух

В+

Прилично силен земјотрес ја стресе Босна и Херцеговина

В+

КЗБ за сите суспектни случаи на мајмунски сипаници во земјава препорачува изолација и епидемиолошко следење

Vesti +