Република Северна Македонија денеска започнува преговори за членство во ЕУ со чиста формулација за македонскиот јазик, со заштитен идентитет, култура, посебност и засебност. Со ова на Христијан Мицкоски му потонаа сите лаги, деструкции и крвави сценарија за предизвикување на дестабилизација и етнички конфликт, соопшти СДСМ.

„ Сите невистини на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за асимилација, бугаризација, манипулации за македонскиот јазик, се разобличени до крај.

Најмалку што може, Мицкоски да направи е да се извини за сите лаги, што хистерично ги ширеше, да им се извини на граѓаните затоа што си погруваше со нивните чувства, ВМРО-ДПМНЕ да и се извини на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, која ја нарече нацист и лажга.

Очигледно Мицкоски тоне длабоко и сака, со себе да ги повлече и граѓаните и целата држава. Но, државата продолжува напред. Македонската европска иднина е обезбедена. Реализирана е уште една стратешка цел – почеток на преговори за членство во ЕУ, членство во ЕУ како Македонци со македонски јазик“ велат од владејачката партија.