Претседателот Димитар Ковачевски има економски план за иднината, кој е одговор на сите предизвици, кој обезбедува сигурна иднина и економски раст, соопшти СДСМ.

„Во првите 10 месеци од годината ги саниравме последиците од светската економска криза со два пакета мерки вредни 760 милиони евра. Резултатите се веќе видливи, во тешки услови успеавме да обезбедиме доволно храна, струја, енергенти, да ги поддржиме граѓаните компаниите и да ја спасиме македонската економија.

2023 ќе биде година на пресврт и економски раст. Со буџетот за 2023 предвидени се дополнителни средства за исплата на плати и пензии, односно в година повторно ќе имаме раст на минималната плата и на пензиите во согласност со новата методологија. 800 милиони евра се предвидени за капитални проекти, тоа се средства директна инвестиција во локалниот економски развој и во домашното стопанство.

Економски пресврт во 2023 година е реална, остварлива цел, што ја потврдуваат сите економски показатели. Проекцијата на ЕБОР е дека македонската економија в година ќе има раст од 2,3 отсто.

СДСМ и претседателот Ковачевски имаат план кој обезбедува економски раст, подобар животен стандард и сигурна и стабилна иднина“, додаваат од владејачката партија.