СДСМ: Како најнеуспешен директор на ЕСМ, Мицкоски треба да молчи на тема енергетика, наместо да копира проекти и концепти од СДСМ
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Како најнеуспешен директор на ЕСМ, Мицкоски треба да молчи на тема енергетика, наместо да копира проекти и концепти од СДСМ

Реакција од СДСМ на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Христијан Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешен директор на Електрани на Северна Македонија (поранешно ЕЛЕМ) и затоа најдобро му е да молчи на тема енергетика.

Имаше можност Мицкоски и како директор и како советник за енергетика на Никола Груевски да направи многу на тема енергетика, на тема еколошки и обновливи извори на енергија.

Но наместо тоа во негово време беше укината евтината тарифа на струјата, цената на електричната енергија се зголеми за 100 отсто, а државата беше зависна од увоз на скапа електрична енергија.

Тоа се „резултатите“ на Мицкоски во енергетиката, затоа денеска никој не верува во неговите ветувања.

Денес Мицкоски копира проекти за гасификација на домаќинства, ги копира концептите „Парите назад кај граѓаните“ и “Едно општество за сите“ на СДСМ кога веќе не може да понуди свои оригинални.

Граѓаните знаат колку Мицкоски е неодговорен, нечесен и несериозен и затоа одново ќе го казнат на следните избори.

Можеби ќе ве интересира...

(ФОТО) Фејсбук постовите на Груевски ги објавуваат администратори лоцирани во Македонија

Vesti +

Фатен криумчар на мигранти во битолско

Vesti +

Ковачевски: Имаме одлична реализација на приходите и на расходите

Vesti +

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер

Vesti +

Инцидент во Арачиново: Откако се случила сообраќајка пред угостителски објект и се договориле да потпишат европски извештај следувала драма

В+

Макрон денеска се среќава со Бајден: Ќе разговараат за усогласување на политиката кон руската инвазија

Vesti +