-Изборот пред граѓаните на претстојните претседателски избори е помеѓу борба за европска иднина со СДСМ или заглавени во изолација со ДПМНЕ, соопшти СДСМ.

„Понудата на ДПМНЕ е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре.

Нема членство во ЕУ со Мицкоски и ДПМНЕ ниту за 100 години!

Јасна е нивната намера да стават рампа на патот на Македонија кон Европската Унија.

Со СДСМ е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина – членство во ЕУ, поголеми плати и пензии, економски раст, европски вредности и стандарди.

Патот до ЕУ е тежок. Има многу пречки пред нас, но ЕУ е единствениот начин да се сменат работите во државата на подобро.

Сега кога сме на чекор до ЕУ не смееме да се откажеме.

Само заедно, СДСМ и народот, ќе ја придвижиме Македонија кон ЕУ.“ – се вели во соопштението.