Во пресрет на големиот национален празник 2-ри Август – Илинден, граѓаните можат да бидат горди на досега постигнатите успеси, велат од владејачката СДСМ.

„ Денес, Северна Македонија е стабилна, сигурна држава, партнер на државите од регионот и Европа. Со членството во НАТО трајно ги обезбедивме мирот и стабилноста, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите. По 17 години во чекалната, започнавме преговори за членство во ЕУ како Македонци со заштитен Македонски јазик и идентитет.

Стануваме дел од големото европско демократско семејство каде нашата држава вредносно и цивилизациски припаѓа. Тоа е реализација на историските заложби на Илинденците, борците од НОБ и членовите на АСНОМ за независна, суверена демократска држава признаена од целиот свет.

Илинден е нашата сила за иднината, а нашата иднина е европска“ се наведува во соопштението на СДСМ.