Прес-конференција, Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски под заложништво на проруската Левица водат хајка против стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10д и против реномирана американска компанија.

Изградбата на коридорите 8 и 10Д е најголемиот инфраструктурен проект во нашата држава, вреден 1,3 милијарди евра.

600 милиони евра од овие пари ќе завршат кај наши домашни компании.

Гледаме дека со невистини и спинови Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа против реализација на овој проект важен за развојот на земјата.

Мицкоски не знае што е ниту градежништво ниту градба, тој е последен претставник на Црвената буржоазија.

Мицкоски кариерата ја започнал кај својот татко на факултет, каде бил асистент токму кај својот родител, а потоа таму бил и вработен.

Ништо сам во животот нема направено. Една шајка во животот нема заковано, освен онаа лажната во рекламен спот во 2020 година кога и ги загуби изборите.

Мицкоски е последен што може да зборува за проекти, за градење и градежништво.

Видовме што се случува во Скопје и во општините кои ги води ВМРО-ДПМНЕ.

Нема ниту еден проект од најавените од страна на Мицкоски.

Бидејќи почна да се промовира како шета по планини, Мицкоски може да биде аранжиран за планински туризам во Агенцијата за промоција на туризмот, но и за таму не го бива.

Се што ќе фатат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е погрешно и осудено на неуспех.

Тоа најдобро се гледа со автопатот Кичево – Охрид, синоним за криминал и корупција, за провизии од тендери на штета на државата и граѓаните.

Зарем треба да дозволиме нови паушални, скандалозни постапки и процеси на градби кои траат 10 години?

Секако не. Хајката на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ против овој проект е политички мотивирана, во заложништво на проруската Левица.