СДСМ го заштити и го обезбеди македонскиот јазик и во ЕУ
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ го заштити и го обезбеди македонскиот јазик и во ЕУ

Соопштение на СДСМ:

СДСМ преку одговорни, државнички политики успеа меѓународно да го заштити и потврди македонскиот јазик.

Потврда за тоа е и Договорот со Фронтекс, прв договор потпишан со ЕУ, на официјален македонски јазик без додавки и фусноти, рамноправен со сите останати јазици на Унијата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ лажеше и ширеше хистерија дека македонскиот јазик ќе стане бугарски дијалект, СДСМ, не само што го заштити јазикот, туку воведе и Ден на македонскиот јазик – 5 мај.

Со Законот за употребата на македонскиот јазик, нашиот јазик е дополнително заштитен и унапреден, а додека опозицијата за великанот Блаже Конески зборуваше дека е „џуџето од Небрегово“ ние воведовме државна награда која го носи неговото име.

СДСМ продолжува преку конкретни мерки и акции да го штити и унапредува македонскиот јазик и дома, но и надвор од државата.

Можеби ќе ве интересира...

177 санкции за брзо возење

Vesti +

АКО СОНУВАТЕ ДЕКА СО НЕКОЈ ВОДИТЕ ЉУБОВ, ТОА МНОГУ ЗБОРУВА ЗА ВАШАТА ЛИЧНОСТ! И не е неважно дали е ОРГИЈА или со кого го правите тоа!

Vesti +

Филипче: Зголемен притисокот врз болниците, пациентите од КБ Тетово ќе се праќаат во Скопје

В+

МОН: Одборот за евалуација на високото образование е гарант за понудата на поквалитетни, атрактивни студиски програми

Vesti +

ТРАГИЧНА СООБРАЌАЈКА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Загина младо момче, тешко повредени две девојки – познат идентитетот

Vesti +

СДСМ: Вложуваме во земјоделството и се грижиме за сите земјоделци и сточари

Vesti +