Соопштение на СДСМ Гевгелија

За една неполна година откако профункционира, Сарамандов и Чочков ја претворија новата депонија во големо ѓубриште.

Што понатаму со ваквиот интензитет на депонирање комунален отпад?

Која стратегија ќе ја спроведат двајцата “екологисти” кои ветуваа во предизборието решавање на проблемот со депониите. Покрај затворањето на дивата депонија кај Сува Река, отворија уште две нови диви депонии.

За жал, поради несовесното управување со комуналниот отпад, Сарамандов и Чочков ќе бидат причината за голема екокатастрофа.

ОО СДСМ Гевгелија ги повикува надлежните инститиции да извршат надзор во работењето на ЈПКД “Комуналец”- Гевгелија во врска со интензивното депонирање отпад на новата времена депонија кај Ново Конско.