Република Северна Македонија наскоро ќе го потпише својот прв официјален договор со Европската Унија и тоа на македонски јазик, без какви било фусноти и дополнителни објаснувања. Станува збор за Договорот за гранично управување, попознат како Фронтекс, а Советот на ЕУ веќе ја донесе одлуката за потпишување, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека уште еднаш потонаа лагите на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, за некаква асимилација и бугаризација.

Напротив, со одлуката на Советот на ЕУ македонскиот јазик, признаен и заштитен на голема врата влегува во Европската Унија, за да стане еден од официјалните јазици на големото европско семејство, се вели во соопштението.