Соопштение на СДСМ:

ДПМНЕ е фатена во нова афера со спорни јавни набавки на машини по астрономски цени, десетини илјади евра над реалните.

Документите во прилог покажуваат дека општина Битола и општина Велес, раководени од ДПМНЕ набавиле по една машина за бележење хоризонтална сигнализација, а не две како што лажеше ДПМНЕ.

Во спецификацијата јасно е наведено дека Општина Битола набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација за речиси 50.000 евра, иако таква машина може да се купи за 2-3 илјади евра.

Разликата во цената е дури 47.000 евра.

Иста таква машина, од истата фирма набавила и општина Велес, по астрономска сума од 42.000 евра. Цена за 40.000 евра повисока од реалната.

Што и да кажат и лажат од Белата палата, јасно е дека градоначалници на ДПМНЕ се фатени со рацете во медот.

Наместо да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, од ДПМНЕ да кажат во чии џебови завршиле астрономските разлики.