Соопштение на СДСМ:

Го поздравуваме фактот што пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки собра храброст и прифати телевизиско соочување со министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Веруваме дека граѓаните со задоволство ќе го следат овој дуел и ќе сведочат во разобличувањето на секојдневните пласирани лаги од страна на Ковачки.

Поддржуваме медиумите да организираат ТВ соочување и навремено да ги поканат двајцата претставници, а Ковачки да не се крие зад партиски центри за комуникации.

Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ вакви соочувања на министер од Владата со пратеник или кој било претставник од опозицијата, беа незамисливи.