Владата предводена од СДСМ презема ефикасни и навремени мерки за заштита на стандардот на граѓаните во време на глобална економска и енергетска криза. Со пакетот од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра им помагаме на граѓаните и компаниите да ги надминат последиците од кризите, соопшти СДСМ.

„ 330.000 пензионери и околу 36.000 домаќинства приматели на минимална помош три месеци ќе добиваат по дополнителни 1.000 денари месечно за купување прехранбени производи, плаќање сметки или нешто друго.

ДДВ то го намаливме од пет на нула отсто на основните производи. Да не беше тоа намалување, граѓаните во просек секој месец ќе плаќаа по 1.500 денари повеќе. Доколку не се намалеше и ДДВ то и акцизата за горивата, секој граѓанин ќе плаќаше 300 денари повеќе.

Ако не обезбедевме субвенционирање на производството за струја и на цената на струјата која ја субвенционираме 80 отсто, сметките за струја за секое семејство ќе беа повисоки за 2.150 денари месечно.

И во време на криза платите растат, невработеноста опаѓа и тоа е потврдено со официјални податоци од релеватни институции. СДСМ како одговорна партија продолжува со вистинска грижа за граѓаните, за домашната економија“ додаваат од партијата.