Соопштение на СДСМ:

„Наместо да ги зголеми парите за животната средина, градоначалничката Данела Арсовска ги намалува, и тоа за три пати помалку.

Ова е само една во низата погрешни одлуки на Данела со кои нанесува директна штета на скопјани.

Арсовска во својата кампања ветуваше инвестиции во животната средина и борба против аерозагадувањето, но граѓаните гледаат дека нема ништо од тоа.

Со овој пристап на Арсовска, Скопје уште долго време ќе биде на врвот на најзагадени градови во светот“.