Соопштение на СДСМ:

Данела Арсовска секојдневно покажува елементарно непознавање на ингеренциите на градоначалникот и Советот на Град Скопје.

Таа не предвидела ниту денар за Буџетот за 2022 за справување со енергетската криза и за затоплување на скопјани, а нејзиниот одговор дека не можела да го врати времето назад е грубо потценување на граѓаните на Скопје.

Без срам и перде за три пати го намали буџетот за животна средина, неколкукратно го намали буџетот за субвенционирање за набавка на инвертори, а сега Арсовска бега од предизвиците што ги носи енергетската криза.

За се што е во интерес на граѓаните Арсовска се иззема и вели дека не е надлежна. Тоа нечесен и неодговорен однос кон градот и неговите граѓани.

Очигледно е дека Арсовска не е способна и не може да ги реши проблемите на скопјани па затоа постојано бара оправдување за нејзината неспособност.