Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Анкетите потврдуваат дека СДСМ е убедлив фаворит кој го има најдоброто, нереформираното ВМРО-ДПМНЕ нема доверба од граѓаните

Соопштение на СДСМ:

Анкетата на Брима е вистинска потврда дека граѓаните ги препознаваат одговорните, државнички политики на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев.

СДСМ има стабилно водство пред ВМРО-ДПМНЕ, а коалицијата „Можеме“ има значително водство, кое бележи постојан растеж.

Истовремено, претседателот Зоран Заев ја има убедливо најголемата доверба од граѓаните, токму со храбрите, визионерски и државнички одлуки.

Претседателот Заев има двојно поголем рејтинг од Христијан Мицкоски.

Од друга страна, оваа анкета истовремено покажа дека граѓаните не ги поддржуваат деструктивните, погубни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи граѓаните знаат дека тој нема капацитет да донесе промена, знаат дека тој не може да си ја реформира ниту сопствената партија.

На граѓаните им е јасно дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да ги враќаат парите назад, затоа што тие 11 години грабаа од граѓаните, а како опозиција беа против секоја мерка која носеше повеќе пари за семејствата.

Затоа на претстојните избори ВМРО-ДПМНЕ го очекува нов, силен пораз од граѓаните.

Можеби ќе ве интересира...

325 нови случаи – Драстичен пораст на бројот на ноозаразени

В+

Ковачевски – Пич: Северна Македонија придонесува во регионалната и европската стабилност

Vesti +

Трифонов: Над 100.000 граѓани во Македонија имаат бугарски пасош, а само 3.504 се изјасниле како Бугари

В+

Царовска на средба со младите: Од септември учениците ќе добиваат зголемени стипендии од 3.500 денари

Vesti +

Нови проблеми за Трамп: Министерството за правда на САД бара ново обвинение

Vesti +

Ладен и неразбирлив: Ова е НАЈЧУДНИОТ хороскопски знак

Vesti +