Соопштение на СДСМ:

100 дена ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во најголем број општини. 100 дена во кои ВМРО-ДПМНЕ не сработи ништо за граѓаните ниту за општините.

Единственото нешто што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ прават се оправдувања за нивното неработење и партизација на општинските администрации.

Граѓаните сведочат на неработа, недостаток на проекти и барања за финансиска помош додека истовремено се вдомуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ во општинските администрации.

Нивната неспособност постојано ја покрива Владата предводена од СДСМ. Така беше за парното во Скопје, така и со мерките за енергетската криза, општините на ВМРО-ДПМНЕ не преземаа ништо за граѓаните.

Наследија полни буџети и голем број започнати проекти од претходните локални власти и оние поддржани од централната власт, но не реализираа ништо од тоа.

Со нивната неспособност и неработа во првите 100 дена се докажаа како најнеуспешните градоначалници во историјата.

Данела Арсовска е прв пример за неработа. Ништо не сработи во првите два и пол месеци освен што нивелираше шахта постави мобилни тоалети и се прогласи за ненадлежна за се останато.

Скопјани ги остави без парно среде енергетска криза, па Владата презема мерки и обезбеди греење.

Ги излажа скопјани дека се исчистени депониите, а денса нема општина без депонија.

Ако по утрото денот се познава првите 100 дена на градоначалниците најавуваат катастрофа во локалните политики, на штета на општините и граѓаните.