Дали ВМРО-ДПМНЕ има толку големи внатрешни проблеми околу фотелјата на Христијан Мицкоски?

Ова прашање се поставува откако ВМРО-ДПМНЕ излезе со блокада на Собранието токму на денот кога е донесена историска одлука и долгоочекувано вековно признание за постоењето на Македонската Православна Црква, наследничка на древната Охридска Архиепископија.

За една самопрогласена демохристијанска партија логично би било денешниот ден да претставува своевиден празник и да го одбележи со серија на активности, но наместо тоа се случува блокада на Собранието.

СДСМ во меѓувреме ги прибира заслугите за овој државнички потег, поради придонесот со интензивното лобирање во изминатите години.

Дополнително, премиерот Ковачевски денеска се сретна со првиот човек на МПЦ г.г. Стефан, фрчат честитки и позитивни реакции на објавите на социјалните мрежи.