Дали знаете колку една шака ореви може да го подобри вашиот ден и вашето здравје? Оревите се најдобар извор на протеини, влакна, магнезиум и омега-3 масни киселини, како и витамин Б6.

Поволно делуваат на бројни процеси во организмот, а на тој начин го намалуваат холестеролот, триглицеридите, поволно делуваат на здравјето на кожата и ги ублажуваат воспалителните процеси. Исто така, одлично е за оние кои страдаат од висок крвен притисок бидејќи оревите го намалуваат.

Ако се прашувате колку ореви дневно се потребни за да се задоволат потребите на организмот, знајте дека околу 20 грама се повеќе од доволно. Истражувањата докажаа дека луѓето кои консумираат само неколку ореви дневно имаат помал ризик од коронарна срцева болест, што може да го намали ризикот од прерана смрт.

Оревите се особено корисни за постарите лица, бидејќи го забавуваат падот на когнитивните функции и ја подобруваат меморијата. Ја подобруваат општата плодност кај мажите.

Знајте дека само свеж и сиров орев може да ги задоволи сите горенаведени потреби на организмот.