Докторите пет дена се бореле за животот на Марко Стојановиќ, кој сепак ја загуби најважната битка во болница во Србија.

По прегледот во болницата на 24 октомври, Марко паднал во кома од која не се разбудил, а извор близок до семејството за медиумите тврди дека на колоноскопски преглед му биле дупнати цревата.

Неговата сопруга кажала дека Марко заминал здрав на преглед, но сепак по грешката на докторите паднал во кома, откако тие прво му ги дупнале тенкото и дебелото црево, а потоа му ги дупнале и белите дробови.