Руските сили окупираа психијатриска болница со 670 луѓе во градот Бородјанка во украинската област Киев, изјави регионалниот гувернер Олексеј Кулеба.

„Не знаеме како да ги евакуираме тие луѓе, како да им помогнеме“, рече Кулеба. Им снема вода и лекови, додаде тој.

„Тоа се луѓе со одредени посебни потреби, потребна им е постојана помош… многу од нив се врзани за кревет со години.

Бородјанка се наоѓа на околу 60 километри од Киев.