Според градоначалникот Павло Кузменко, руските сили наводно фрлиле вакуумска бомба на складиште за нафта во Охтирка, во провинцијата Суми во Украина.

„Повторно, непријателот води гнасна војна. Бомба со гориво-воздух беше фрлена на складиште за нафта, цистерни со нафта беа разнесени“, рече Кузменко во видеото поставено на Фејсбук, според преводот на Укринформ.

„Охтирка. Магацинот за нафта е погоден. 12:30 часот“, изјави Дмитро Живицки, шеф на регионалната државна управа на Суми, споделувајќи дополнително видео од инцидентот, на кое се гледаат обрачи од чад што се издигаат на небото.

„Постои опасност од улични борби! Бидете на безбедно место дома, држете се подалеку од прозорците“, рече Живицки на својот канал Телеграм.

Вакуумските бомби, познати и како аеросолни бомби или термобарично оружје, користат кислород од околниот воздух за да генерираат експлозија на висока температура. Нивната употреба е осудена од повеќе невладини организации.