Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин во неговото гостување на Сител не даде одговор зошто бегаат македонските граѓани од Украина. Тој негираше дека Русија во Украина бомбардира болници и цивилни цели, иако тоа го потврдија и македонските граѓани кои се вратија изминатиов период.

Баздникин како лажни вести го карактеризираше известувањата, сликите, видеата и сведоштвата од гранатирањата на болниците и цивилните објекти во Украина.

Иако ваквите снимки беа објавени од десетици медиуми, новинари, активисти, а имаше и сведоштва на граѓани, сепак за Баздникин сето тоа се лажни вести.

Светската здравствена организација потврди дека од почетокот на руската агресија во Украина биле нападнати 16 здравствени установи.

*фотографијата е од евакуација на граѓани во Украина