Изборите во Србија и Унгарија го потврдија суверенитетот на тие земји, изјави потпретседателот на Советот на Руската Федерација, Константин Косачев. Тој на „Телеграм“ напиша дека вистинските суверени држави во Европа може да се избројат на една рака.

„Покрај Русија, тоа се Белорусија, Ерменија, Турција и како што јасно потврдија вчерашните избори, Србија и Унгарија“, напиша Косачев на „Телеграм“, а пренесува „Танјуг“.

Според него, на другата страна се Германија, Франција и Италија. Косачев смета дека тоа е резултат на деструктивната повоена политика на САД.

„Браво Србија! Браво Унгарија! Браво за вистиснката и суверена Европа“, напиша Косачев.

На претседателските избори одржани вчера во Србија, врз основа на резултатите од 90,71 избирачки места обработени од Републичката изборна комисија, најмногу гласови има Александар Вучиќ – 59,55 отсто, а врз основа на 91,02 отсто од обработените избирачки места најмногу, на парламентарните избори, има коалицијата собрана околу СНС „Заедно можеме сè“ – 43,45 отсто, што е околу 122 пратенички места.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа прогласи победа на парламентарните избори, откако партијата „Фидес“, чиј лидер е тој, освои повеќе од половина од гласовите.