Рускиот федерален центар за истражување и развој на имунолошки и биолошки производи „Чумаков“ може да направи нова вакцина против делта сојот на корона вирусот во рок од една година, изјави директорот на Центарот, Аидар Ишумахаметов.

– За една година – изјави овој функционер, одговарајќи на прашањето кога може да се направи новата вакцина.

Тој спомена дека вакцината „ковивак“ развиена од „Чумаков“ е 80 проценти ефикасна против делта сојот.

– Постигнуваме 80 проценти од одговорот на антителата, затоа е неопходно да се вакцинираме со она што е сега достапно и никогаш да не чекаме нешто ново. Моменталниот арсенал на достапни вакцини против корона вирусот мора целосно да се искористи сега – нагласи Ишумухаметов.

Делта сојот за првпат беше откриен во Индија во октомври минатата година. Варијантата Делта плус се смета дека е уште позаразна.