Руското Министерство за надворешни работи го покани американскиот амбасадор во Москва, Џон Саливан, да му врачи дипломатска нота поради, како што наведоа, „неприфатливите коментари“ на претседателот Џо Бајден.

На руското Министерство за надворешни работи не му се допаднаа коментарите на Бајден за рускиот претседател Владимир Путин.

За потсетување, Џо Бајден минатата недела изјави дека го смета Путин за воен злосторник.

„Мислам дека тој е воен злосторник“, им рече Бајден на новинарите минатата среда.