Поддржувачите на здрава исхрана често ги исклучуваат мастите од нивните оброци, особено оние од животинско потекло.

Дали е ова точно, ако се знае дека мастите се главниот извор на енергија и топлина за телото? Евгениј Самбулов, жител на Воронеж, град во југозападна Русија, јаде сланина уште од детството. Тој е убеден дека овој едноставен и достапен производ не само што ќе го засити, туку и ќе го загрее телото во зима.

„Кога е многу студено, парче сланина ќе помогне крвта побрзо да тече низ телото“, вели Самбулов. Сланина – ова се масти, и тие се главниот извор на енергија и топлина.

И московјанката Светлана Усоjчева консумира сланина, но само во првата половина од денот.

„Не јадам сланина по два -три часа, бидејќи не сум сигурна дали организмот ќе ја свари и дали на тој начин ќе добијам неколку сантиметри повеќе во половината“, вели соговорничката.

Поддржувачите на здрав начин на живот исклучуваат сланина и други видови маснотии од нивната исхрана, бидејќи се плашат од прекумерна тежина и затнување на крвните садови.

Меѓутоа, нутриционистите ги разоткриваат митовите.

Две парчиња сланина можат да бидат корисни, тоа се заситени масти кои учествуваат во изградбата на клеточните мембрани, ја подобруваат функцијата на мозокот и апсорпцијата на храната.

“Овие производи содржат мал процент на незаситени масни киселини. Тоа се омега-6 масни киселини кои обезбедуваат подобар проток во клеточните мембрани”, вели нутриционистот Рима Мојсенко.

Се препорачува возрасно лице да јаде 30 грама маснотии дневно. Од нив, десет проценти се заситени масти од животинско потекло, а 20 проценти се незаситени масти што се наоѓаат во маслата и маслинките. Месото, сирењето, кравјо млеко, сланина и путер се незаситени киселини.

Прекумерното консумирање на овие производи доведува до проблеми со крвните садови. Затоа е подобро да се готви месото за да се намали количината на маснотии.

Омега-6 како и омега-3 се незаситени масни киселини и нивната рамнотежа е многу важна.

„Треба да јадете помала количина омега-6 масни киселини што се наоѓаат во јаткастите плодови, околу 20-30 грама дневно“, препорачува нутриционистот.

Идеално, тие треба да бидат во сооднос еден до три.

Овие масти не се создаваат во телото и затоа треба да се апсорбираат преку исхраната.

Нутриционистите наведуваат дека е неопходно да се јадат авокадо или маслинки, а омега-3, исто така, може да се апсорбира со консумирање морска риба или ленено семе и масло од сусам. Една лажичка, како зачин во салата, е идеална варијанта. Месото со зелен зеленчук, авокадо, маслинки и масла во салати се идеален баланс на сите масти што му се потребни на телото. Месото дури може да се замени со сланина.

Нутриционистите наведуваат дека е полесно да се свари ако се комбинира со зеленчук, пред се со шери домати или краставици. Тие тврдат дека нема потреба да се плашите од такви масти, но за да не ги претворите во штетни транс масти, подобро е да не ги загревате растителните масла. На пример, подобро е малку да ја загреете сланината на маснотиите од животинско потекло, бидејќи е и повкусна и поздрава.