Русија соопшти дека користела хиперсонично оружје за да уништи подземно воено складиште во западна Украина.

Хиперсоничните проектили се брзо оружје што може да избегне откривање од системите за противракетна одбрана.
Руското Министерство за одбрана во саботата објави дека уништило голем подземен склад за ракети и авионска муниција во украинската област Ивано-Франковск, пренесе агенцијата Интерфакс.

„Системот „Кама“ со хиперсонични ракети уништи големо подземно складиште на ракети на украинската армија во областа Ивано-Франковск во Украина“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Министерството соопшти дека уништило и радио и извидувачки центри на украинската војска во близина на пристанишниот град Одеса користејќи го крајбрежниот ракетен систем, пренесе Интерфакс. Овие тврдења не се независно потврдени.