Од почетокот на војната во Украина, приходите на Русија од извозот на фосилни горива се проценети на 63 милијарди евра.

Земјите-членки на Европската унија, Кина и други земји и платиле на Русија околу 63 милијарди евра за фосилни горива за повеќе од два месеци, покажуваат новите податоци на Центарот за истражување на енергија и чист воздух (CREA).

Според деталниот мониторинг на испораките на руска нафта, гас и јаглен, комбинацијата на континуиран увоз на нафта и гас и високите цени на горивото резултираа со тоа што руските приходи се значително повисоки од претходните години.

Германија со сума од 9,1 милијарди долари беше најголемиот купувач на руска нафта и гас во првите два месеци од почетокот на војната во Украина, додека Италија плати 6,9 милијарди евра.