Русија најверојатно нема да може да ги обнови залихите на ракети, бидејќи нема доволен капацитет за производство на напредна муниција во количини што можат да бидат во чекор со нејзината употреба, се вели во најновото соопштение на британското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти дека во нападите, како оној минатиот понеделник врз градовите низ Украина, во кои беа истрелани околу 80 крстосувачки ракети, Русија ги троши своите резерви на ракети кои нема да може да ги надополни, што ќе влијае на ограничувањето на напади во иднина.