Волку тежок период Русија немала цели 30 години.

Рускиот премиер Михаил Мишустин вели дека иако за Русија е тешко, поради воведените санкции, сепак ќе пропаднат плановите за нејзино целосно изолирање.

Мишустин објасни дека Русија ќе мора да потроши се што ќе заработи оваа година на државна помош. Владата досега вети повеќе од трилион рубли за поддршка на бизниси, семејства со деца и социјална помош. Од нив 250 милијарди рубљи ќе бидат потрошени за руските железници.

Европската комисија во вторникот предложи нови санкции за Русија.

Денеска е 43-от ден од руската инвазија на Украина. И натаму Украина бара построги санкции за Русија.

Естонија најави дека се откажува од рускиот гас, затоа што не сака да ја финансира руската воена машинерија.

Во март нагло падна руската валута рубљата, но таа пред неколку дена се врати во нормала.