,,Денеска, од моето Куманово со особено задоволство сакам да Ве информирам дека реновирањето на објектот во кој е сместен Секторот за внатрешни работи Куманово е успешно завршено. Со гордост можам да кажам дека ова е 60 објект на МВР кој како раководство го реновиравме и на тој начин обезбедуваме подобри услови за работа на полициските службеници и за подобра услуга на граѓаните. Реновирањето на објектот што е изграден во 1929 година беше изведено во повеќе фази, а започна во делот каде сега се сместени вработените во ОКРА, потоа беше извршено целосно реновирање на полициската станица Куманово, санација на просториите за приведување и задржување на лица како и изведба на нова пристапна рампа за лица со инвалидитет, а реновиран беше и делот каде што се сместени БПС Куманово и Крим-полиција.“ Ова меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при неговата денешна посета на Куманово каде што се сретна со раководството на СВР Куманово, а по повод завршената санација и реконструкција на објектот на СВР Куманово.

Во целиот објект на СВР Куманово заменети се дотрајаните дрвени прозорци со нови ПВЦ прозорци, влезните портали со нови алуминиумски врати, изведена е термоизолациона фасада низ целиот објект, поставено е ново и извршена е санација на постојното парно греење низ целиот објект, поставени се нови влезно-излезни рампи, поставени се рефлектори за надворешно осветлување и видео надзор на целиот објект, како и други работи. Исто така, проектот за гасификација на СВР Куманово е доставен до општина Куманово и по добивањето на соодветното одобрение, целиот објект ќе се грее на гас, со што ќе дадеме дополнителен придонес кон заштитата на животната средина.
Токму во таа насока министерот Спасовски нагласи дека ,, И за овој објект на СВР Куманово , како и за останатите педесет и девет објекти на разни организациони единици на министерството низ државата што беа санирани или целосно реновирани, министерството одвои средства од сопствениот буџет, во рамки на нашите програмски активности за севкупно подобрување на условите и материјално-техничките капацитети на нашата полиција, што како активност ја започнавме во 2017 година, и токму за овој објект за негово целосно реновирање и санација беа издвоени околу 55.000.000 денари.“

Министерот Спасовски најави дека МВР продолжува со несмален интензитет во оваа насока и дека во тек се работни активности на објектите во ПС Карпош, ОВР Крушево, ОВР Прилеп, ОВР Радовиш, Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, ОВР Пробиштип, Полициско одделение Македонска Каменица, Полициско одделение Кривогаштани, ОВР Делчево,ОВР Берово…

МВР континуирано создава подобри услови за сите вработени, што пак носи подобри резултати во работењето, во интерес на граѓаните.