Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е
V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со
одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт
од 21.03.2022 година и со тоа со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,00 ден/лит,
малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ
(Д-Е V) изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,354 ден/кг.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 2,00
ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.03.2022 година и со тоа
малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 75,50 ден/лит.