Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, продолжува да сее паника иако не мусе остварија предвидувањата дека граѓаните ќе плаќаат повисока цена заструја од 20 до 40 проценти повеќе од досега. Сепак денеска Регулаторната комисија комплетно ги демантираше сите предвидувања и објави дека поскапувањето ќе биде само за 9,48 отсто . 

Мицкоски постојано вади од ракав бројки само за политички поени и сега веќе не му е грижа за грааните па го коментира поскапувањето на електричната енергија „загрижен“ за финансиската состојба на енергетските компании, кои најавуваат банкрот, иако Владата одвои буџет се со цел стабилизација на енергетската криза која владее насекаде во Европа.

Регулаторот вели дека успеале да издејствуваат помал ценовен шок, затоа што реалното зголемување на цената на електричната енергија требало да биде 25 отсто. 

-Цената на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за 9,48 проценти. Реалното зголемување како што кажав ќе беше многу повеќе, но успеавме да скратиме многу трошоци. И дополнително владата превзема обврска да им помогне на државните компании во наредниот период, рече претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

Пресметката вели дека на сметка од 1000 денари зголемувањето изнесува околу 100 денари. Компаниите не биле задоволни од ваквата одлука.

Барале граѓаните да плаќаат повисоки сметки за струја. Но регулаторот уверува дека ликвидноста не им е загрозена, но состојбата будно ќе ја следел. 

Од регулаторна упатија апел до граѓаните порационално да ја користат електричната енергија. Оваа цена ќе важи до јуни идна година, но не се исклучува можноста таа повторно да се корегира.