Речиси 9.000 украински бегалци вчера влегле на територијата на Унгарија, соопштија претставници на Националната полиција на таа земја.

Украинската граница со Унгарија ја минале 5.071 лице, додека преку граничниот премин со Романија на територијата на таа земја пристигнале уште 3.811 лица.

Полицијата издала 233 дозволи за престој со рок на важност до 30 дена, јавува МТИ.

Имателите на дозволи мора да ја контактираат локалната канцеларија за имиграција во близина на нивното живеалиште во рок од 30 дена за да аплицираат за постојани документи, рекоа официјалните лица.