Новото изборно ветување на СДСМ е 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра.

Ова го најави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на средбите со граѓани деновиве.

Ако се земе во предвид дека претходното ветување на партијата за просечна плата од 500 евра, е остварено и надминато (денес просечната плата изнесува 650 евра), доколку се продолжи со исто и забрзано темпо остварливо би било и ветувањето за 1.000 евра просечна плата во земјава.

„Со правилни политики, просечната плата од 22.000 денари денес е порасната на 40.000 денари што е историски највисоко ниво споредено со она што беше во 2016 година. Минималната плата ја зголемивме од 8.000 денари на скоро 23.000 денари. Само во земјава од цел регион имаше реален раст на плата за време на кризата. Ако реално ја земете куповната моќ, платата денес е повисока отколку пред три години. Воедно, и пензиите ги покачивме во просек за 6.000 денари, а невработеноста ја преполовивме од 25% на 12,8%.“ истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, по посетата на компанијата ДИЕМ – ГП во Гевгелија, пред два дена.

„По изборите, во вториот мој мандат, просечната плата ќе биде 1000 евра, а минималната 600 евра. Пензиите ќе продолжат да растат и не само што нема да имаме веќе ниту еден пензионер под праг на сиромаштија, туку пензиите ќе бидат достоинствени и далеку повисоки.Истовремено работиме и на решение за воведување на минимална пензија.“ рече Ковачевски за новата изборна програма на СДСМ.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека се реални се ветувањата за раст на просечната плата над 1.000 евра.

-Сите анализи кои ги правиме за зголемување на продуктивноста, за недостигот на работна сила и подобрување на конкурентноста, укажуваат дека се реални нашите ветувања за покачување на просечната за по четири години на над 1.000 евра, изјави во интервју за „360 степени“, потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Тој најави дека овој тренд на раст на платите ќе ја опфати и минималната плата која за четири години очекува да се зголеми над 600 евра.

„Се знае главната економска понуда за претстојните избори, контурите се знаат, а тоа подобрување на квалитетот на животот на нашите сограѓани“, рече потпретседателот Битиќи.

Тој потсети дека на претходните избори во 2024 година, СДСМ излезе со ветување дека минималната плата ќе изнесува 34.000 денари, ветување кое што не само што е исполнето туку и надминато со зголемувањето на просечната плата на ниво од 40.000 денари во декември 2023 година.