Разузнавачи велат дека Русија може да ја прошири војната и во Молдавија.

Шефицата на американското разузнавање Аврил Хејнс изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за долг конфликт во Украина.

Таа вели дека Путин смета дека одлучноста на Западот ќе ослабне со текот на времето. Според некои информации, Путин ја шири војната во Придњестровје, пренесува АФП.

„Победата на Русија во источниот регион Донбас можеби нема да стави крај на војната. Проценуваме дека претседателот Путин се подготвува за продолжен конфликт во Украина за време на кој сè уште има намера да постигне цели надвор од Донбас“, рече Хејнс.

Руската војска да го напушти Придњестровје, порачаа властите во Молдавија.