Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Јапонија.

Епицентарот бил источно од Хоншу, на длабочина од 60 километри, а по земјотресот било издадено предупредување за цунами.

Предупредувањето е издадено за регионите Фукушима и Мијаги. Да потсетиме, има нуклеарна централа во Фукушима, која беше погодена од страшен земјотрес во 2011 година.

Тој регион тогаш беше погоден од земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала, проследен со цунами.

Некои делови од земјата останаа без струја. Се проценува дека повеќе од милион корисници немаат струја.