На 15.02.2022 во Полициската станица Аеродром бил извршен службен разговор со четири малолетници од скопско, и тоа двајца од с.Зелениково, еден од с.Орешани и еден од с.Пакошево, во присуство на нивните родители. Тие се сомничат дека на 14.02.2022 на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје физички го нападнале Н.С.(38) од Скопје и му одзеле телефон.

Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот. За случајот бил известен Јавен обвинител за малолетници и по негово целосно документирање против нив ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик.