Денеска (23.01.2023), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршија службен разговор со С.Р.(46) од Битола. Тој се сомничи дека на 20.01.2023 извршил тешка кражба во куќа на ул.„Димитар Влахов” во Битола, при што одзел разни предмети.

Тој го признал делото, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.