На 14.09.2021 во 12.15 часот во Полициската станица Бит Пазар бил повикан Д.В.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба” извршено на 15.03.2021, при што од А.А.(29) од Скопје биле одземени повеќе предмети.

Со Д.В. бил извршен разговор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.