Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која на кого му завршува работниот мандат во земјава.

На средбата министерот Спасовски му се заблагодари на амбасадорот Која за поддршката и одличната соработка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје со Министерството за внатрешни работи во многу заеднички успешно реализирани проекти, изразувајќи уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.

Во оваа прилика министерот Спасовски му врачи плакета од МВР на амбасадорот Која во знак на благодарност за успешната соработка и модернизирање на капацитетите на МВР.