Претседателот на Русија, Владимир Путин повторно им се заканува на европските земји.

Тој изјави дека Европа нема друга алтернатива освен да продолжи да ја користи руската енергија. Овој пат спомена и исклучително болни економски последици.

„Едноставно нема разумна замена во Европа“, рече Путин.

Украина бара ембарго за руските енергенси, а претседателот Володимир Зеленски повеќе пати изјави дека парите кои земјите ги даваат за рускиот гас и нафта се крвави и со нив Путин убива луѓе.

Германското министерство за финансии ја одобрило исплатата до 2,5 милијарди евра за четири плутечки терминали за течен природен гас (LNG), покажува писмото упатено до парламентот, на кое се повикува службената новинска агенција DPA.