Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша декрет со кој се воведуваат визни ограничувања за граѓаните на земјите што Москва ги смета за „непријателски“ како одговор на санкциите поради Украина.

Уредбата, која стапува на сила денеска, го суспендира поедноставениот визен режим на Русија со некои земји од Европската унија, како и со Норвешка, Швајцарија, Данска и Исланд.

Исто така, му наложи на руското Министерство за надворешни работи и другите тела да одлучат за воведување ограничувања за личен влез на „странски државјани и лица без државјанство кои вршат непријателски дејствија против Русија, нејзините граѓани или нејзините правни лица“.

Руската влада минатиот месец одобри список на непријателски земји, вклучувајќи ги САД, Канада, Велика Британија, земјите од ЕУ и Украина, меѓу другите.

Потсетуваме дека Западот воведе сеопфатни санкции кон Русија во обид да ја принуди да ги повлече своите сили од Украина.