Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека сите напади на Мориупол ќе престанат само доколку се предадат сите украински војници од тој град, јави Би-би-си.

Британскиот јавен сервис се повика на соопштение од Кремљ, во кое се наведува дека Путин тоа го рекол за време на телефонскиот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.

Потоа, според Би-си-си, францускиот функционер рекол дека Путин се согласил да ја разгледа можноста барем за евакуација на цивилите од тој град.

Но, според текстот на Би-би-си, Путин не дал јасни гаранции за она што го кажал.

Во меѓувреме, ситуацијата во Мариупол е опишана како катастрофална.

Постојаниот претставник на Украина во ОН, Серхиј Кишлица, рече дека во моментот најтешка е ситуацијата во Мариупол, каде што руските сили убиле најмалку 5.000 граѓани, а речиси 150.000 жители се под опсада, без основни услови за живеење“.