Со години се шпекулира за здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин, а такви шпекулации има се повеќе откако тој нареди инвазија на Украина.

Порталот New Lines сега објави дека дошол до аудио снимка од олигарх близок до Кремљ кој вели дека Путин е „многу болен“ и дека има „рак на крвта“, иако не го прецизира типот на рак од кој рускиот претседател наводно страда, пренесува Индекс.хр.

До ФСБ беше испратен строго доверлив документ
Олигархот тврди дека „строго доверлив документ“ бил испратен до седиштето на руската безбедносна и разузнавачка агенција ФСБ, како и до сите регионални директори на ФСБ.

Според новинарот на Bellingcat, истражувачката група новинри со седиште во Холандија, Кристо Грозев, испратениот „Документот им наредува на регионалните директори да не веруваат во гласините за здравјето на претседателот“.

„Им беше наложено да дејствуваат против сите такви гласини кои би можеле да се прошират на локалните одделенија на ФСБ. Според извор од една од регионалните единици, кој го видел документот, таквата наредба без преседан имала спротивен ефект бидејќи сега повеќето офицери на ФСБ веруваат дека Путин навистина боледува од тешка болест“, рече Грозев.

Можно е противниците да се обидуваат да го направат ранлив
New Lines ги наведува неодамнешните промени во физичкиот изглед на Владимир Путин – од начинот на кој тој оди до изгледот на неговото лице, кое е отечено, што може да значи дека зема лекови.

Ешли Гросман, професор по ендокринологија на Оксфорд, изјави за New Lines: „Путин отсекогаш изгледал дека е во форма. Но, во последните неколку години лицето и вратот му изгледаат многу подебели. Тој изглед е компатибилен со употреба на стероиди“.

Си-Ен-Ен потсетува дека таквите тврдења не можат да се проверат, како што наведува „Њу лајнс“, и едноставно може да значат дека оние во Русија кои сакаат да го соборат Путин шират такви гласини за да ги убедат истомислениците дека Путин е ранлив.