Во денешното пукање во приватно христијанско училиште во Нешвил, Тенеси, загинаа седум лица.

Убиена е и тинејџерката која го изврши нападот, соопшти полицијата.

Меѓу загинатите има три деца, тројца возрасни и девојчето кое отворило оган.

Портпаролот на полицијата во Нешвил, Дон Арон, изјави дека девојката имала две полуавтоматски пушки и пиштол, и дека нејзиниот идентитет се уште не е објавен.

Како што се наведува, девојчето во училиштето влегло преку спореден влез.

Во нападот нема повредени, освен полицаец кој се здобил со расекотини од скршено стакло.

На родителите на учениците им било кажано да се соберат во блиската црква.

Според Си-Ен-Ен, американскиот претседател Џо Бајден е информиран за инцидентот.

Училиштето Covenant на презвитеријанската црква во Нешвил, основано во 2001 година, има околу 200 ученици од предучилишна возраст, според веб-страницата на училиштето.