Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

Пукање во Арачиново: Три момчиња со повреди завршија во Градска

Во СВР Скопје од полициски службеници во полициска станица вчера биле приведени М.А, М.С.(35) од село Страчинци и Н.Џ.(27) од село Арачиново, постапувајќи по пријава според која околу 02:00 часот, по претходна расправија, во село Арачиново, скопско, М.А.(31) од село Страчинци, скопско, испукал од огнено оружје и го повредил Б.А.(36) од село Арачиново, скопско, поради долг што го имал Б.А. кон него.

Подоцна, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди од огнено оружје се пријавил М.А., додека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од огнено оружје бил донесен Б.А.. Во истата болница со повреди од огнено оружје бил донесен и Ф.Н., кој пред полициските службеници изјавил дека се повредил во сообраќајна незгода, по што заминал без да му биде утврден карактерот на повредите. Во врска со случајот, од местото биле подигнати чаури од пиштол и две патнички возила. Се преземаат мерки за комплетно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира...

26 годишник е првиот заразен со флурон

В+

Николов од Штип: Нема веќе договарање тендери во четири очи, ние работиме според закон

В+

188 новозаразени, 3 починати

В+

Сугарески на ТВ24: Ќе ставиме акцент на инфраструктурата во Прилеп и ќе ги изградиме влезовите во градот

В+

СДСМ: Со партнери кои се анти ЕУ, анти НАТО и анти Преспа, јасна е агендата на Мицкоски, нема никакви вредности ниту платформа, само желба за власт

В+

Приведен дилер од Битола, пронајдена дрога

Vesti +