Според долгорочните прогнози, првиот снег во Скопје се очекува на почетокот на декември.

Според првичните прогнози во Скопје првиот снег би можел да падне на 3-ти декември кога температурите се очекува денски да се спуштат на 4-5 степени, а навечер и до -4.

Првиот снег воопшто во Македонија неодамна падна на Шар Планина, но метеоролозите засега најавуваат невообичаено топло време кон крајот на октомври и ноември.