Еден од највпечатливите докази за висок степен на интелигенција е неприлагодувањето. Ова не мора да значи дека е вистина, но се поголем број истражувања сугерираат дека одредени карактеристики може да бидат знак дека сте паметни.

Списокот на карактеристики и особини на личноста е поврзан со интелигенцијата. Некои од наведените особини не звучат за пофалба или убаво, но најновото истражување на психолозите Џејмс Вајт и Дејвид Бејти од Универзитетот во Кембриџ ги наведува овие седум знаци.

1. Експериментирање во адолесценција
Психолозите известуваат дека родителите нема да се согласат со повеќето одлуки на нивните деца во раните дваесетти години – како на пример пробување дрога, тие се знак дека личноста е склона кон нови искуства и лесно се досадува.

2. Либерали
Наводно, луѓето кои имаат либерални ставови имаат повисок коефициент на интелигенција. Психолозите наведуваат дека интелектуалната моќ да се надминат стереотипите и да се гледаат работите надвор од утврдените правила покажува повисоко ниво на интелигенција.

3. Осаменици
Луѓето се социјални суштества и концептот на среќа најчесто се поврзува со фантазии каде што имате многу пријатели и се смеете. Излегува дека преголемата социјализација ги прави интелигентните луѓе несреќни.

Истражувањата покажаа дека интелигентните луѓе претпочитаат да поминуваат време со себе и дека тогаш се посреќни отколку кога се опкружени со луѓе.

4. Долго спиење и доцна станување
Овој знак често се наведува во истражувањето. Ова не е добра навика ако планирате да успеете во животот, но успехот и интелигенцијата не мора да одат рака под рака. Паметните луѓе си легнуваат подоцна, а подоцна стануваат.

5. Мрзеливост
Уште една лоша особина на интелигентните луѓе. Тоа не значи дека не сакаат да работат, туку дека претпочитаат да поминуваат време размислувајќи. Тоа што се опседнати со нивните мисли често ги тера да заборават или да ги спречат да прават одредени работи.

6. Ментални нарушувања
Истражувањето на Џејн Колингвуд го поврза биполарното растројство со високата интелигенција. Студијата истакнува дека анксиозноста е многу специфична и за интелигентните луѓе.

7. Подоцна имаат секс
Студијата спроведена на Универзитетот во Јужна Каролина посочува дека повисоко ниво на интелигенција е забележано кај лицата кои стапиле во сексуални односи по тинејџерските години, односно по 20-тата година од животот.